СЕТУ „Михајло Пупин“ - Скопје

Основната дејност на училиштето е воспитно образовна работа и обука на ученици и возрасни согласно важечките наставни планови и програми за стручно образование од електротехничка струка со четиригодишно и тригодишно траење на образованието. Училиштето е верификувано од надлежното Министерство за образование и наука за реализирање на постсредно образование. Исто така училиштето поседува верификација за изведување обуки за стручно оспособување на кадри за изведување на електрични инсталации и одржување на разладни и термички уреди, за обука на кадри за стручно-работно оспособување за електроинсталатер и монтер на електрични инсталации во станбени објекти, за обука на кадри за стручно-работно оспособување за електроинсталатер и монтер на електрични инсталации во индустриски објекти.
Преземете брошураИсторијат на училиштето

На 1 септември 1970 година била предадена на користење новата училишна зграда која се наоѓа на ул. Благоја Стефковски бр. 6
Формирано е УЗУС "Коце Металец" / 1954
Училиштето е преименувано во МУЗУС "Коце Металец" / 1959
Училиштето ја надминува бројката од 1000 ученици / 1962
Училиштето е преименувано во ЕМУЗУС "Коце Металец" / 1963
Предадена на користење новата училишна зграда / 1970
Воведена кабинетска настава / 1976
Училиштето се трансформира во ЕТУЦ "Коце Металец" / 1983
Училиштето е преименувано во ДЕТУ "Михајло Пупин" / 1998
Училиштето се преименува во СЕТУГС "Михајло Пупин" / 2006
Започна соработката со ЕВН / 2008
Отворена е лабораторијата за роботика и автоматика / 2011
Одржана е манифестацијата "Денови на електротехниката" / 2012
Лаборатории

Училиштето располага со 6 (шест) добро опремени лаборатории во кои се изведува редовната и практичната настава: лабораторија за автоматика и роботика, лабораторија за електротехника, лабораторија за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност и лабораторија за електрични инсталации и електрично осветлување и електроника.

Во училиштето има еден кабинет по информатика опремен со 19 компјутери. Кабинетот има сервер кој е умрежен со жичана мрежа со останатите компјутери, така да секој компјутер може да се поврзе со интернет. Овој кабинет се користи за изведување на настава по предметот Информатика.

Училиштето располага со две фискултурни сали, мала и голема. Големата сала е реконструирана и со сите услови како вентилација , греење, супер квалитетен под, лед осветлување што можеби претставува една од најдобрите училишни сали во Р.С .Македонија . Не се случува салата да ја користат по две паралелки истовремено со што се зголемуваат можностите за ефективно изведување на планираната содржина.
Малата сала во наредниот период ќе се реконструира и треба да се добие мини теретана за потребите на учениците.